„MOKKA“ Е ДИЗАЈНЕРСКИ ШАМПИОН ЗА 2025 Моделот на „Opel“ доби награда за најубав мал SUV во Европа

Читателите на германското списание „auto motor und sport“ со скоро половина од гласовите ја избраа новата „Opel Mokka“ за најдобра дизајнерска иновација во класата мали „SUV“ и кросовери.

74

На светската премиера на IAA Mobility во Минхен, новата „Opel Mokka GSE“ привлече големо внимание со својот свеж дизајн и високите перформанси. Само неколку дена подоцна, ова признание беше официјално потврдено од читателите на германското списание „auto motor und sport“, кои ја избраа „Mokka“ за „Најдобра дизајнерска иновација 2025“ во категоријата мали „SUV/Crossover“ возила.

Во 25-тото издание на наградите „autonis“, дури 49,6% од гласовите во оваа категорија отидоа кај „Opel“, со што харизматичниот „SUV“ уште еднаш покажа зошто е еден од најпопуларните модели на пазарот.






– „Opel Mokka“ сега е уште пoсмела, поелегантна и поостра. Направивме промени на вистинските места за да го направиме бестселерот уште посигурен и попривлечен за нашите клиенти. Многу сме задоволни што читателите на „auto motor und sport“ се согласуваат и ја избраа „Мokka“ за најубавиот мал „SUV“ – изјави Патрик Дингер, бренд-менаџер на „Opel“ Германија.

„Mokka“ доаѓа со остар и динамичен изглед, најновиот „Opel Blitz“, „LED“ светлосен потпис напред и назад, како и ексклузивни бои за каросеријата, меѓу кои „Kolibri Blue“, „Tropikal Green“ и „Grafik Grey“. Внатрешноста е целосно модернизирана со спортски управувач, освежен кокпит и напредни дигитални системи.

Интересот за „Opel“ не е нов – претходните години моделите „Rocks“ и „Corsa“ исто така ги освоија „autonis“ наградите во своите категории.

Официјалната церемонија на доделување на признанијата ќе се одржи на 13 октомври во Штутгарт.

Поврзани содржини