МОИТЕ РЕШЕНИЈА СЕ РАДИКАЛНИ ЗАТОА ШТО СЕ ЕДНОСТАВНИ Ванковска вели дека само таа нуди нов, граѓански Устав

Тоа е креативно решение кое го заобиколува целиот кабалак со делови на народи. Тоа не постои во ниту еден устав на светот, во ниту едно уставно право на некоја држава. Ние под притисок на војна сме прифатиле необичиаени формули. И потоа настанува тотален хаос - објасни Ванковска. 

195

Најголемиот дел од политичката елита е против нов, вистински, демократски Устав. Сите мои против кандидати се пазарат околу нови уставни амандмани што значи и на онака закрпениот Устав тие би додавале или би одземале.

Вака изјави денеска претседателскиот кандидат Билјана Ванковска од средба со граѓаните во Виница.






– Се нудат контингенти, се прават пазари на најевидентен, транспарентен начин што е срамно. Дел од моите противкандидати не се заинтересирани ниту за сопствената кампања. Затоа велат јас сум можеби единствената која нуди радикални решенија меѓутоа, се радикални само затоа што се едноставни – рече Ванковска.

На прашањето дали граѓанскиот Устав би го решил проблемот со Бугарија, таа вели „апсолутно да“.

– Тоа е креативно решение кое го заобиколува целиот кабалак со делови на народи. Тоа не постои во ниту еден устав на светот, во ниту едно уставно право на некоја држава. Ние под притисок на војна сме прифатиле необичиаени формули. И потоа настанува тотален хаос – објасни Ванковска.

Таа додава дека „се разбира, македонството е столбот на оваа држава, меѓутоа тоа како македонски демос ќе си остане основа на оваа држава во Уставот“ и гарантира дека со граѓанскиот устав нема да се избришат Македонија и Македонците како народ.

Ванковска вели дека меѓу другото, источна Македонија е запоставена.

Поврзани содржини