МОИТЕ МИСЛИ СЕ СО ВАС Амбасадорката Брнз изрази сочувство
Мое сочувство до семејствата на оние што го загубија животот, како и до повредените“, напиша амбасадорката Брнз на Твитер.
Амбасадорката на САД во Скопје Кејт Мари Брнз изрази сочувство за настраданите во синоќешниот пожар во модуларната Ковид болница во Тетово.
„Тажни сме поради ужасните настани синоќа во Ковид болницата во Тетово. Мое сочувство до семејствата на оние што го загубија животот, како и до повредените. Моите мисли се со вас и со сите во Тетово погодени од оваа трагедија“, напиша амбасадорката Брнз на Твитер.