МОДУЛАРНАТА БОЛНИЦА НА ДИВО Е ГРАДЕНА И ПРИКЛУЧЕНА НА СТРУЈА Кој го дозволил тоа, прашува Мицкоски

Што правиме ние истраги, меѓународни, вакви или такви? Нема никаква потреба за тоа. Одговорноста почнува од првиот во институцијата па надолу, затоа што нема правилник, рече Мицкоски.

496

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во однос на истрагата за трагедијата во модуларната болница во Тетово рече дека болницата била на диво, пуштена во употреба и на диво била приклучена на електрично напојување.

Одговорноста, напомена, треба да се бара по вертикала – кој сето тоа го дозволил ? Според него, сè е направено од страна на одговорните.






– Што правиме ние истраги, меѓународни, вакви или такви? Нема никаква потреба за тоа. Одговорноста почнува од првиот во институцијата па надолу, затоа што нема правилник. На диво е направена модуларната болница, на диво е приклучена и на диво е пуштена во употреба и 14 луѓе живи гореа. Владата што направи? Го смени Законот за грдање. На 24 ноември 2020 во Службен весник беа објавени измените со кои се заобиколија сите институции. Го видел ли некој тој правилник и што предвидува? – рече Мицкоски.

Поврзани содржини