Здравствените власти решија на местото на објектот во кој функционираше одделението за дијализа во Гостивар да се постави модуларна болница за лекување на пациенти со ковид-19.
Вчера започна рушењето на приземната зграда и уредувањето на теренот за неопходната инфраструктура.
Од управата на општата болница „Ферид Мурад“ информираа дека започнати се подготовките за поставување на нов ковид центар.
– Почна уривањето на зградата на поранешното одделение за дијализа, каде што по уривањето ќе бидат поставени нови простории за пациентите кои ќе се лекуваат од вирусот ковид- 19 – наведуваат од управата.
Изминативе денови, локалната самоуправа и претставници на Министерството за здравство бараа соодветна локација. Како најпогодна, определен е просторот во кругот на општата болница што е во непосредна близина до објектот во кој е сместено инфективното одделение. Новиот модуларен објект треба да има со соби за триесетина болнички кревети, помошни простории за персонал, соба за изолација и рендгенско снимање.
Во најавите од министерството за здрвство, во Гостивар и уште 16 градови треба да се постават монтажни модуларни болници во кои ќе се згрижуваат и лекуваат лица заболени од ковид-19.
Според информациите на Влада на Република Северна Македонија до вчера, 71 се лекува во гостиварскиот ковид центар