МОДРИНКИ И ОТОК НА НОЗЕТЕ Трамп под медицински надзор, Белата куќа со објаснување
Лекарскиот тим направил ултразвук на нозете, кој покажал дека Трамп има хронична венска инсуфициенција, состојба што често се јавува кај лица постари од 70 години.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, бил подложен на лекарски преглед поради оток во долниот дел од нозете и видливи модринки на рацете, соопшти денеска портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит.
Според неа, лекарскиот тим направил ултразвук на нозете, кој покажал дека Трамп има хронична венска инсуфициенција, состојба што често се јавува кај лица постари од 70 години.
– Покрај тоа, неодамнешните фотографии од претседателот покажуваат мали модринки на задниот дел од едната рака – изјави Левит.
Таа објасни дека ова е во согласност со симптоми на благо воспаление на меките ткива, кое може да се појави од чести ракувања и од употребата на аспирин, што Трамп го зема како дел од стандардната терапија за превенција на срцеви заболувања.