📽️ MОДИ ГО ПРЕКРШИ ПРОТОКОЛОТ КОГА ГО ПРЕЧЕКУВАШЕ ПУТИН Кремљ реагираше веднаш, овој гест ги изненади сите

Кремљ реагираше итно на оваа ситуација. Агентите што го штитеа рускиот претседател беа запрепастени бидејќи не беа свесни за оваа промена на протоколот, што ја потврди и Кремљ, објавува „Хиндустан тајмс“.

0

Рускиот претседател Владимир Путин пристигна во дводневна официјална посета на Индија, а на аеродромот во Њу Делхи се случи необична ситуација, што го натера Кремљ да издаде итно соопштение.

Владимир Путин пристигна со својата делегација на руско-индискиот бизнис форум, а на аеродромот го пречека индискиот премиер Нарендра Моди, кој го прекрши протоколот за време на пречекот и, без знаење на руската страна, му се приближи на рускиот претседател веднаш откако тој се симна по скалите од авионот и стапна на црвениот тепих.

 






Кремљ реагираше итно на оваа ситуација. Агентите што го штитеа рускиот претседател беа запрепастени бидејќи не беа свесни за оваа промена на протоколот, што ја потврди и Кремљ, објавува „Хиндустан тајмс“.

По првата средба, Путин даде и интервју за „Индија тудеј“. Тој зборуваше за односите меѓу Руската Федерација, Индија и Народна Република Кина.

Поврзани содржини