МОДЕРНИЗИРАНА И НАДГРАДЕНА ГРАДИНКАТА „ДЕТЕЛИНКА“ ВО КРИВА ПАЛАНКА По 40 години овозможени се современи услови за децата

Со оваа модернизација ќе се зголеми капацитетот за опфат и ќе се овозможат модерни и современи услови за нега и грижа на дечињата од Општината Крива Паланка. 

103

Во објектот „Поточиња“ на градинката „Детелинка“ во Крива Паланка извршена е надградба на кат и реконструкција на постојниот објект со вкупна инвестиција  од 21.680.000 денари, средства од Министерство за труд и социјална политика и Светската банка и со кофинансирање од три милиони денари од Општината.

Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, порача дека и Општината се радува на фактот што по 40 години се врши ваква модернизација и осовременување на условите во градинката, за што и се заблагодари на Владата, премиерот и централната власт за поддршката што се пружа во реализација на капитални проекти во градот.






Со оваа модернизација ќе се зголеми капацитетот за опфат и ќе се овозможат модерни и современи услови за нега и грижа на дечињата од Општината Крива Паланка.

Грижата за децата е на високо место на агендата на Владата, која продолжува со политиките за унапредување на социјалната и детска заштита и постојано вложување, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски при посетата на детската градинка „Детелинка“ во Крива Паланка, пред нејзиното пуштање во употреба.

Влогот во развој на децата, рече премиерот, е влог во нашето општество и развиена, напредна и економски силна држава.

– Вложуваме во зајакнување на капацитетот на стручниот кадар во детските градинки, зашто тие се клучни во развојот на децата од најрана возраст. Обезбедивме зголемување на платите на вработените во градинките, до 2017 година за вкупно 36 отсто, а со ребалансот се обезбедени средства за повисоки плати во образованието. Од доаѓањето на оваа власт се реши прашањето со недостигот на вработени во предучилишните установи, преку обезбедување на решенија на неопределено време за над 2.000 воспитувачи, дотогаш ангажирани со договор на определено време – додаде Ковачевски.

Тој порача дека со реализацијата на овој објект се олеснува за повеќе семејства обезбедување на предучилишно сместување на децата, а ќе се отворат и нови работни места.

На настанот присуствуваше и заменик министерот за труд и социјална политика, Енвер Хусејин, кој истакна дека влогот во децата е влог во иднината.

– Посветено работиме на зголемување на капацитетот на градинките вложувајќи во опфатот на децата. За нас е најважна среќата на децата и сигурноста за нивниот понатамошен развој во самосвесни и одговорни личности, кои ќе придонесот за напредок на државата. За надградбата на градинката од Буџетот се издвоени 21.860.000 денари. Капацитетот е зголемен за 105 деца со нови пет занимални, а градинката е приспособена за нормативите за лица со попреченост, со тоалет за нив и има пристапна рампа. Когнитивниот и моторен развој се на прво место и затоа обезбедуваме соодветни објекти и обуки за кадарот. Владата изгради 71 градинки од 2017, а до крај на 2022 ќе има уште 11. До крај на 2023 плус 13 детски градинки се планирани и тука не запираме – рече Хусејин.

 

Поврзани содржини