МОДЕРНИ УРЕДИ, НОВА МРЕЖА И СТАБИЛЕН СИСТЕМ Електродистрибуција со проекти вредни над 10 милиони евра

Електродистрибуција инвестира во стабилноста и модернизацијата на електроенергетската мрежа – поставени 135 километри нова нисконапонска мрежа, заменети столбови и воведени далечински уреди за мерење.

63

Електродистрибуција ја интензивира модернизацијата на нисконапонската мрежа низ земјата, со инвестиции вредни повеќе од 10 милиони евра само во првите шест месеци од 2025 година. Целта е јасна – поголема стабилност, сигурност и ефикасност на системот за сите корисници.

Во рамки на проектите, поставени се 135 километри нова нисконапонска мрежа, заменети се старите столбови и проводници, а на повеќе локации инсталирани се нови далечински уреди за мерење, кои овозможуваат прецизна контрола и управување со дистрибуцијата.






– Нашата цел е да изградиме стабилна и современа мрежа која ќе може да одговори на растечките потреби на граѓаните и бизнисите. Со овие проекти значително ги намалуваме техничките загуби и го подобруваме квалитетот на снабдување – велат од Електродистрибуција.

Вкупната вредност на досегашните инвестиции изнесува 10,4 милиони евра, а дополнителни 2 милиони евра се планирани до крајот на 2025 година. Со тоа, компанијата го зајакнува дистрибутивниот систем и поставува стабилна основа за понатамошен развој на енергетскиот сектор.

– Инвестираме не само во опрема, туку и во сигурноста на енергетската иднина. Новите технологии овозможуваат побрза реакција при дефекти и подобро управување со целата мрежа – додаваат од компанијата.

Од Електродистрибуција нагласуваат дека активностите продолжуваат и во наредниот период, со приоритет на руралните и приградските средини, каде што модернизацијата на мрежата значително ќе го подобри квалитетот на живот на жителите.

Поврзани содржини