„Модерна“ тестира нова вакцина против ковид-19, ќе се чува во обични фрижидери наместо во замрзнувачи
Новата вакцина mRNA-1283 потенцијално може да се чува во фрижидери наместо во замрзнувачи, што ја олеснува дистрибуцијата, особено во земјите во развој.
Компанијата „Модерна“ денеска соопшти дека првпат тестира нова вакцина против ковид-19 кај пациенти во рана фаза на истражување.
Новата вакцина mRNA-1283 потенцијално може да се чува во фрижидери наместо во замрзнувачи, што ја олеснува дистрибуцијата, особено во земјите во развој.
„Истражувањето во рана фаза ќе ја процени безбедноста и имуногеноста на mRNA-1283 во три фази и ќе им се дава на здрави возрасни или како единечна доза или во две дози во интервали од 28 дена“, соопшти компанијата.