„Модерна“ почна тестирање на вакцината за ковид-19 кај адолесценти
Тестирањето се одвива во соработка со Биомедицинското напредно тело за истражување и развој (БАРДА), кое е дел од Министерството за здравство на САД.
Фармацевтската компанија „Модерна“ денес објави дека ја дала првата доза на вакцината во вториот дел од последната фаза на тестирање на кандидати кои припаѓаат на возрасната група помеѓу 12 и 18 години, објави „Ројтерс“.
Тестирањето се одвива во соработка со Биомедицинското напредно тело за истражување и развој (БАРДА), кое е дел од Министерството за здравство на САД.
– Задоволство ни е да објавиме дека го започнавме вториот дел од последната фаза на тестирање кај здрави адолесценти во САД. Нашата цел е да собереме доволно податоци до пролетта 2021 година, со што би се одобрила употребата на нашата вакцина во продолжение на учебната година – рече Стефан Бансек, извршен директор на „Модерна“.
Тој додаде дека е охрабрен од прелиминарните резултати и анализите на третата фаза на тестирање кај оние над 18 години, додека тестирањето кај адолесцентите значително помага да се осигура безбедноста и ефективноста на вакцината кај помладата популација.
– Се надеваме дека ќе можеме да доставиме безбедна вакцина и да им дадеме заштита на адолесцентите, така што тие ќе можат да се вратат на училиште во нормални услови – рече Бансет.
„Модерна“ планира да тестира 3.000 адолесценти во САД со две дози во период од 28 дена.