„Модерна“ ќе ја тестира вакцинaтa против јужноафриканскиот сој
Засега нема да се проучува „ефикасноста, туку само безбедноста и имуногеноста“ на производот.
Кон средината на март, во САД ќе започнат испитувања на вакцина развиена од лабораторијата „Модерна“ против јужноафриканската варијанта, изјави водечкиот епидемиолог во САД Ентони Фаучи.
– Испитувањата од првата фаза ќе започнат наскоро – рече Фаучи на прес-конференцијата што ја одржа тимот на Белата куќа, одговорен за борбата против ковид-19.
Засега нема да се проучува „ефикасноста, туку само безбедноста и имуногеноста“ на производот, односно неговата способност да предизвика имунолошка реакција, прецизираше Фаучи, додавајќи дека првата фаза ќе се спроведе на мал број луѓе.