📷 МОДЕН ДВОБОЈ НА КЕЈТ МИДЛТОН И БРИЖИТ МАКРОН Која дама се облече подобро за средбата во Лондон?

Брижит и Емануел Макрон пристигнаа во тридневна официјална посета на Велика Британија. Во Лондон беа пречекани од кралот Чарлс и кралицата Камила и принцот Вилијам и принцезата Кејт Мидлтон.

2,856

Брижит и Емануел Макрон пристигнаа во тридневна официјална посета на Велика Британија. Во Лондон беа пречекани од кралот Чарлс и кралицата Камила и принцот Вилијам и принцезата Кејт Мидлтон. Потоа шестемина отидоа на церемонијата по повод пристигнувањето на францускиот претседател и првата дама.

Брижит Макрон и Кејт Мидлтон го привлекоа вниманието на љубителите на модата со своите комбинации и стил.






Кејт се одлучила за класична елеганција во пудра розова комбинација составена од струкирано палто и здолниште од тил, обете парчиња од француската модна куќа „Диор“.

 


Комплетот го надополни со убави салонки изработени од брусена кожа од брендот „Џанвито Роси“ и шешир, чија боја совршено ја комплетира комбинацијата.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Revista ¡HOLA! (@holacom)

Брижит Макрон се одлучила за бел фустан која внесува елеганција со модерниот пресврт. Фустанот, кој прекрасно ја следи линијата на телото во горниот дел од левата страна, има бели декоративни копчиња, додека ременот е нагласен со златен детаљ.

Првата дама на Франција на комбинацијата додала беж салонки и исцртана златна чанта.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Royal Monarchies (@royal.monarchies)

Поврзани содржини