МОДЕЛОТ ОД КИПАР МОЖЕ ДА БИДЕ ШАХ-МАТ БЕЗ ВОЈНА НА ГРЕНЛАНД Американците сакаат да се вратат на силосот кој го напуштиле пред 60 години

Аналитичарите стравуваат дека Трамп може еднострано да прогласи американски суверенитет врз поранешните американски бази на Гренланд. Единствениот начин Данска да го спречи тоа е самата да предложи модел на ограничени суверени зони. На Кипар, британските области Акротири и Декелија важат за пример кој 65 години е во спротивност со меѓународното право.

743

Американски експерти ја разгледуваат идејата за создавање „суверени базни зони“ што би го спречиле судирот меѓу Америка и Данска. Идејата е слична на британските области Акротири и Декелија на Кипар. Силос на Гренланд кој САД го напуштиле пред 60 години може да биде мирно решение за избегнување конфликт, пишува британски „Телеграф“.

Британските зони на Кипар се 65 години се под суверенитет на Обединетото Кралство и служат како преседан во меѓународното право. Професорот Мајкл Кларк од Кингс колеџ, Лондон, ја оценува идејата како реална за амбициите на американската администрација:






– Тоа би можело да му даде на Трамп победа каква што сака.

Суверените зони, компромис или преседан?

Аналитичарите стравуваат дека Трамп може еднострано да прогласи американски суверенитет врз поранешните бази. Единствениот начин Данска да го спречи тоа е самата да предложи модел на ограничени суверени зони.

Дури и да е така, професорот Кларк предупредува:

– НАТО би излегол послаб, а Данска би изгубила доверба. Но тоа би било помалку штетно од отворен конфликт.

Тајниот подземен град напојуван од нуклеарен реактор

САД веќе имаат договор од 1951 година со Данска што им овозможува да градат и управуваат со бази на островот. За време на Студената војна, Американците изградиле најмалку 17 инсталации, меѓу кои и Камп Сенчури, таен подземен град под мразот, напојуван од нуклеарен реактор.

Проектот бил напуштен во 1967 година, а денес функционира само базата Питуфик со 200 луѓе. Ако таа стане американска територија, Трамп би можел да тврди дека „додал нова земја“ на САД. Дали зад геополитиката се крие лична амбиција?

– Трамп сака историско наследство, нешто што ќе го стави на планината Рашмор – смета професорот Кларк.

Марион Месмер од Чатам Хаус предупредува:

– За Данска тоа би била горчлива пилула, но можеби подобра од ризикот од американска интервенција.

Мраз што буди воени амбиции

САД повторно го насочија погледот кон Гренланд. Шеесет години по напуштањето на арктичкиот силос Камп Сенчури, американскиот претседател Доналд Трамп ја отвори најжешката дипломатска дебата во рамките на НАТО. Дали најголемиот остров во светот може да стане нова суверена зона на Америка:

– Ќе го имаме Гренланд на еден или друг начин – изјави Трамп, предупредувајќи дека Русија и Кина се закануваат да се вгнездат на стратегиската ледена маса. Изјавата ја разбранува Данска, која остро реагираше преку премиерката Мете Фредериксен:

– Ако САД нападнат земја членка на НАТО, тогаш сè запира, вклучувајќи ја и безбедноста што алијансата ја гарантира од крајот на Втората светска војна.

Данска и повеќе европски земји, меѓу кои балтичките и скандинавските земји остро реагираат на американските планови. Аналитичарите предупредуваат дека ЕУ тактизира како би изреагирала во случај на американската интервенција на Гренланд. Членот за заедничка одбрана на Унијата би можел да биде активиран само ако Данска тоа официјално го побара, слично како што е со членот 5 на НАТО.

За  среда, 14 јануари, е закажана средба на државниот секретар на САД Марко Рубио со претставници на Данска.

Поврзани содржини