МОЦАРТ ТОПЧИЊАТА ПРИЧИНА ЗА КОНФЛИКТ МЕЃУ ДВЕ АВСТРИСКИ СЛАТКАРНИЦИ И двете тврдат дека го поседуваат оригиналниот рецепт

На почетокот на минатата недела, покраинскиот суд во Салцбург ја прифати тужбата поднесена од слаткарницата „Фурст“ против конкурентот „Холцермаер“, кој се рекламира како наследник на оригиналниот рецепт за Моцарт топчиња.

245

Потеклото на рецептот на познатите Моцарт топчиња предизвика конфликт меѓу две слаткарници во Австрија. Конфликтот дојде и до судот кој пресуди дека една од слаткарниците не смее да го присвојува рецептот.

На почетокот на минатата недела, покраинскиот суд во Салцбург ја прифати тужбата поднесена од слаткарницата „Фурст“ против конкурентот „Холцермаер“, кој се рекламира како наследник на оригиналниот рецепт за Моцарт топчиња. Но, со тоа се разгоре расправата меѓу двете слаткарници околу тоа кој прв ги направил топлињата.






Слаткарницата „Холцермаер“ се повикува на статија од историчарот Герхард Амерер од минатото лето, во која се тврди дека оригиналниот рецепт за познатиот десерт е создаден во 1880 година од слаткарот Р. Бауман, предок на сегашниот сопственик на Слаткарницата „Холцермаер“.

Во исто време, слаткарницата „Фурст“ тврди дека го има оригиналниот рецепт за Моцарт топчиња, кој тврдат дека е измислен од основачот на компанијата Пол Фурст во 1890 година.

Судот сега пресуди дека, со оглед на тоа што не постои оригинален рецепт, „Холцермаер“ не може да го спомене „рецептот“ во своето рекламирање. После тоа, рекламниот слоган беше променет во „според традицијата од 1880 година“.

Проблемот за „Холцермаер“ е што нивните „топчиња“ не се произведуваат во Салцбург, туку во фабриката „Линдт и Спронгли“ во Глогниц, Долна Австрија.

-Јас не сум човек што се расправа. Но, сè додека рачната работа на занаетчиите се става на исто ниво како индустриски производ и сè додека се кажуваат лаги, ние нема да седиме со скрстени раце – вели Мартин Фирст, сопственик на слаткарницата „Фурст“, која рачно ги прави топчињата.

„Холцермаер“ сега излегува во јавноста со нова теорија: Моцартовите топчиња првпат ги направила Луиз Карут, која била вработена кај слаткарот Бауман.

Сега сите чекаат објавување на новото истражување на историчарот Амерер за потеклото на познатиот десерт, кое треба да биде претставено на јавноста во април.

Поврзани содржини