Мобилни екипи на Црвениот крст ќе делат вода на граѓаните

Почнувајќи од денеска, се до 25 јуни мобилните тимови имаат предвидено дистрибуција на 800 шишиња или 400 литри на дневна основа.

186

Во насока на справување со најавените високи температури, Црвениот крст во соработка со Град Скопје од денеска ќе почне со теренски активности. Мобилните екипи составени од волонтери од тимот за одговор при катастрофи од петте општински организации во Скопје ќе патролираат низ градот и ќе дистрибуираат вода и информативни летоци наменети за граѓаните.

Од Црвен крст соопштија дека ќе бидат ангажирани 16 волонтери распоредени во четири тима со четири возила. Почнувајќи од денеска, се до 25 јуни мобилните тимови имаат предвидено дистрибуција на 800 шишиња или 400 литри на дневна основа.

 

Поврзани содржини