Мобилната болница ќе функционира како тријажен центар

369

Работата на клиниките постепено ќе се враќа во нормала, најави министерот за здравство Венко Филипче на прес конференција.

– Ќе се ревидира закажувањето на мој термин, ќе се измени времетраењето на прегледите за да се избегне гужвата во амбулантите, задолжително воведување на е-амбуланта и соодветно закажување на снимањата во Ренген институтот и во другите болници. Ова се поклопува со завршувањето на улиците во Клиничкиот центар. До крајот на неделава се очекува тоа целосно да заврши. Се отвора нова улица помеѓу Хирушката клиника и Клиниката за стоматологија. Се отвораат два нови влеза, едниот ќе води директно во Ургентниот центар во Хирургија, и вле зи излез кај Инфективната клиника каде е псотавена мобилната болница – рече Филипче.






Тој рече дека се надева дека во мобилната болница ќе нема потреба да се згрижуваат пациенти. Мобилната болница ќе функционира како тријажен центар, како ургентен интернистички центар, целосно опремен и со ротација на лекари и специјалисти, за проверка на пациентите дали се или не се ковид позитивни за да се знае како да се продожи со нивното лекување.

 

Поврзани содржини