Мобилизирани 9.000 израелски резервисти
Претходно, портпаролот на израелската армија, бригадниот генерал Хидаи Зилберман изјави дека армијата е „подготвена да започне копнена операција во секое време“.
Израелскиот министер за одбрана Бени Ганц денеска и нареди на израелската армија да повика 9.000 резервисти, соопшти прес-службата на Министерството за одбрана.
– Министерот за одбрана Бени Ганц откако ја процени одбранбената состојба во областа, согласно со оперативната потреба, ја овласти ЦАХАЛ итно да мобилизира уште 9.000 резервисти – се вели во соопштението.
Претходно, портпаролот на израелската армија, бригадниот генерал Хидаи Зилберман изјави дека армијата е „подготвена да започне копнена операција во секое време“.
Според „Џерусалим пост“, планот за копнена операција треба да му биде презентиран денеска на началникот на ГШ Авив Кохави.