МОЈСОСКА САМО ЗА ДВА МЕСЕЦА ГОДИНАВА ЗЕЛА 162.000 ДЕНАРИ ОД ПАРТИСКАТА КАСА ВМРО-ДПМНЕ тврди дека тоа го практикува целото раководство на Левица
Партијата се повикува на информација од свиркачи од Левица според која Мојсоска и на 26 април 2024 година зела 123.000 денари, а на 3 февруари 2023 година – 96.862 денари.
ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека Јована Мојсоска, пратеничката од Левица и кандидат за градоначалник на општина Струга како и целото раководство на партијата, за, како што наведуваат, лицемерие и прикриено користење на партиски пари, спротивно на јавниот имиџ што го градат.
Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека додека Мојсоска и Левица јавно се претставуваат како „чесни, скромни и неподмитливи“, зад затворени врати инкасираат значителни суми на пари од партиската каса.
„Тие се целосно разобличени и демаскирани“, се наведува во денешното соопштение на партијата.
ВМРО-ДПМНЕ се повикува на информација од свиркачи од Левица во која се тврди дека Мојсоска на 26 април 2024 година зела 123.000 денари, а на 3 февруари 2023 година – 96.862 денари. Дополнително, во јуни и јули годинава, во три наврати, таа зела по 54.000 денари.
Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека Мојсоска не е изолиран случај и дека целото раководство на президиумот на Левица посегнало по партиски пари.
„Нели е лицемерно, од една страна да глумите некакви аскети, а од друга страна да ја цедите својата политичка партија?“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.