МОЈОТ ПОРАНЕШЕН СОПРУГ, НЕГОВАТА ПОРАНЕШНА И МОЈОТ СЕГАШЕН Хрватка се бори за рамноправно родителство и истото го живее
Мелита Пожгај од хрватското здружение за рамноправно родителство е жив сведок дека е тоа возможно. Таа се бори за оние кои ја немаат таа среќа и тагува заради нив, а особено заради смртта на член од нивното здружение чие срце не ги издржало болката и неправдата за одземеното дете. Во меѓувреме, Мелита со поранешниот сопруг и неговата поранешна сопруга, му даваат поддршка на нејзиниот сегашен партнер
Мелита Пожгај, e дел од хрватското здружение за рамноправно родителство и голем борец за подобра иднина на сите деца. Таа е дел од оние ретки двојки, кои се „среќно разведени“, односно, кои успеваат да најдат заеднички јазик.
Вели дека не постојат шаблони за живеење на заедничкото родителство и дека е тоа лесно кога родителите ќе се договорат и кога потоа постапуваат во заедничка соработка, земајќи ги предвид своите и обврските, желбите и потребите на децата.
Но кога не е така, тогаш судот одлучува за точното време кое детето треба да го помине кај родителите.
„Има прекрасна сликовница од нашиот член Елвис Ела Овоно која е насловена како „Зарем е лошо да се имаат два дома?“ Токму така нарековме и една наша трибина која ја одржавме во Загреб, на 15.мај 2019.година. Тука е на едноставен начин опишано како детето има дом и кај мама и кај тато и ги ужива сите бенефити од двојната љубов на родителите и нивните семејства.
Пред 7 години мојот брак се распадна и после тоа запознав прекрасен човек. За жал, неговото раскинување со бившата партнерка тргна во првиот круг од пеколот. Додека мојот поранешен сопруг и татко на нашите синови, ми остана најдобар пријател и заедно се грижиме за момчињата иако се полнолетни, мојот партнер не можеше да воспостави комуникација со мајката на неговата ќерка. Сфативме дека ни е потребна помош и на интернет најдовме информации за хрватското здружение за еднакво родителство.
Колку и да беше олеснување што не бевме сами и единствени што влегле во зоната на самракот, толку бевме згрозени кога дознавме дека има премногу деца чии права се прекршуваат и многу родители на кои им треба помош за да ги заштитат. Потоа полека почна моето волонтирање во здружението.
Мојата желба е да им помогнам пред сè, на родителите за да можат тие да им помогнат и да ги заштитат своите деца“, објаснува госпоѓа Пожгај.
А дека таа и нејзиниот поранешен сопруг навистина одлично функционираат, исто како и со неговиот син од првиот брак и неговата поранешна сопруга, нивните заеднички синови и нејзиниот сегашен партнер, доволно зборува и фотографијата која ја сподели со нас.
Целиот текст прочитајте го на порталот „Мајка и дете“.