Мојот организам по 7 дена: Познатиот музичар открил дека има коронавирус

542

Гитаристот на групата „Дјуран Дјуран“, Џон Тејлор, признал дека пред три седмици дознал дека е позитивен на коронавирусот.

Сепак, неговиот организам успеал да се избори со овој вирус и затоа тој ја искористил можноста да ги смири луѓето кои што стравуваат од овој невидлив непријател.






„Драги пријатели, морам да ви кажам дека пред три седмици дознав дека сум позитивен на коронавирусот. Иако сум во зрели години, морам да признам дека мојот организам по седум денови закрепна од нешто што личеше на посилен грип, а морам и да кажам дека карантинот придонесе во тоа“, изјавил гитаристот.

„Сакам да ви кажам дека можеме да победиме во ова. Ви испраќам љубов и се надевам дека наскоро ќе се видиме“, напишал тој во својата објава.

Поврзани содржини