„МОЈОТ МАКЕДОНСКИ КОД“ Автобиографската книга на Ванчо Чифлиганец порачува дека Македонија е ветена земја
Низ 12 поглавја, Чифлиганец им се обраќа, пред сѐ, на помладите, но и на сите други им ги открива основните тајни и личниот рецепт како се доаѓа до успех и како се стигнува на врвот.
Проф. д-р Ванчо Чифлиганец по повод 20 години македонска градителска приказна на „Адора инженеринг“, 30 години успешно менаџирање и 45 години работен стаж, синоќа ја промовираше својата автобиографската книга „Мојот македонски код“.
„Мојот македонски код – Живеам за да работам – Ако си борец ќе бидеш и творец“, е најновото авторско дело на проф. д-р Ванчо Чифлиганец, животна и професионална автобиографија на потврдениот стопанственик, менаџер, професор, спортски активист и филантроп, која беше промовирана синоќа на корпоративната прослава на Адора во Скопје.
Низ 12 поглавја, Чифлиганец им се обраќа, пред сѐ, на помладите, но и на сите други им ги открива основните тајни и личниот рецепт како се доаѓа до успех и како се стигнува на врвот. Овој наративен и фотографски времеплов низ животните предизвици на Чифлиганец, базиран на негови сведоштва и документи, е фокусиран на образовните дострели, професионалната и општествено-политичка кариера, филантропијата и неговиот неимарски македонски код, успешната македонска градителска приказна „Адора инженеринг“. Чифлиганец во оваа книга, несебично, како филантроп, пишува за клучот и ја дешифрира формулата како се доаѓа до успехот, преку конкретни примери и карактерни особини, враќајќи се 150 години назад, бидејќи како што самиот истакнува, ако тоа не било вградено кај секој Македонец, сигурно денес не би имале своја самостојна држава, Македонија.
„Мојот македонски код“ пренесува и дел за менаџерството, животен, автентичен лексикон и поглед кон иднината за нашата благородна Македонија, со што авторот сака да ја врати вербата во смислата на животот, да го врати оптимизмот дека Македонија може да биде одлично место за живот, порачувајќи дека не е само туѓата земја-ветена, туку дека и во Македонија може секој да си го исполни својот сон.
Дел од тимот на Адора инженеринг
Реномираниот писател, проф. д-р Венко Андоновски, дописен член на МАНУ, Чифлиганец го оцени како егзистенцијалистички феномен од македонската лоза, кој верува и докажува дека човекот и неговиот живот имаат смисла, дека таа смисла се работата и подвигот за еден подобар свет. Книгата не го отсликува само главниот лик, авторот Чифлиганец, туку таа се однесува на многу генерации Македонци, отсликувајќи го битието на Македонецот во временска дистанца од 150 години наназад и македонскиот код, со кој многумина ќе се идентификуваат.
– Драго ми е што во нашата Македонија ги подигнавме стандарите за висока градба. Не чекавме да дојде енергетска криза за да ги поставаме првите фотоволаици пред 13 години, да ги воведеме енергетски ефикасните домови пред 16 години и од квалитетот по кој сме препознатливи, продобивки да има целото општество – порача д-р Драгана Д. Чифлиганец, извршен потпретседател на Адора Бизнис Групацијата, која има диверзифицирани бизниси во различни сфери и географски подрачја.
Драгана Д. Чифлиганец, извршен потпретседател на Адора Бизнис Групацијата
На прославата, со која се одбележаа 20 години јубилеј на интернационалниот бренд Адора, 45 години работен стаж, 35 години од докторирањето и 30 години успешно менаџирање на неговиот основач проф. д-р Ванчо Чифлиганец и 30 години самостојна Македонија, им беше изразена благодарност за заедничките успеси и поддршката на тимот на компанијата, институциите, соработниците и сите пријатели на големото семејство Адора инженеринг.