📽 МОЌНО КИНЕСКО ОРУЖЈЕ ИСПУКУВА 100 КАМИКАЗЕ ДРОНОВИ ОДЕДНАШ Паника од „Небесна висина“ во Пентагон

Воени аналитичари предупредуваат дека од вакви напади речиси и не може да се одбрани. Роевите дронови може да прибираат информации, да блокираат комуникации или да напаѓаат со прецизност.

875

Кина претстави нов матичен дрон со распон од 25 метри, способен да исфрли 100 камикази дронови за неколку секунди. Новото оружје е дел од стратегијата за доминација во Пацификот.

Џиновскиот беспилотен авион, наречен Џиу Тун („Небесна висина“), има дострел од 7.000 километри и може да лета 12 часа без прекин. Според државните кинески медиуми, четвртиот прототип штотуку ја завршил фазата на склопување и влегува во финално тестирање.






Првиот лет се очекува следниот месец.

Дронот може да носи товар до 6 тони, вклучувајќи муниција и системи за надзор. Но, неговата највпечатлива способност е да испукува рој камиказе дронови – стратегија што според експертите може да ја промени рамнотежата на моќта во регионот.

Снимките кои ги објавија кинеските медиуми прикажуваат симулиран напад во кој авионот лансира десетици дронови истовремено.

 

Воени аналитичари предупредуваат дека од вакви напади речиси и не може да се одбрани. Роевите дронови може да прибираат информации, да блокираат комуникации или да напаѓаат со прецизност.

Новиот дрон е дел од сè поагресивниот план на Пекинг за јакнење на воздухопловството – потег што предизвикува сериозна загриженост во Вашингтон и го протресува безбедносниот баланс во Азија.

Поврзани содржини