„Моќник“ влегува во судница, приговорите на обвинетите се одбиени

611

Советот за оценка на обвинителениот акт поднесен од Основно јавно обвинителство, а во јавноста познат како „Моќник“ против 13 лица, донесе решение со кое приговорите на обвинетите се одбиваат како неосновани, соопштија од Кривичен суд.

Од Судот истакнаа дека обвинителниот акт се одобрува во целост.






Основното јавно обвинителство Скопје на 24 август поднесе обвинение за случајот „Моќник“. Обвинети се сите 13 лица кои беа опфатени во истрагата, меѓу кои и пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, татко му и поранешниот претседател на Комисијата за лустрација, Томе Аџиев. Против три лица, меѓу кои и Милошоски, е поднесен обвинителен акти, а против десет е поднесен обвинителен предлог.

 

Поврзани содржини