„Моќник“ два месеца се бори со коронавирусот, а судот ѝ пресуди на тужбата на покојниот сведок
Советниците, како што може да се види на документот подолу на 31 март 2010 година ги утврдиле условите според кои се продавал општинскиот имот, сите кренале два прста, никаде не пријавиле дека има злоупотреба или дека некој ги прелажал, се додека поранешниот градоначалник на Пласница Исмаил Јаоски, не им се пожалил дека му ја продале општината. Советниците не знаеја да одговорат на нашите прашања, дали и колку пари плаќал, поранешниот градоначалник на Пласница за кирија и дали на тој начин била оштетена општината Македонски Брод.
Судењето за предметот „Моќник“ кој пред два месеца влезе во судница се уште не може да почне. Денеска беше одожено рочиштето поради отсуство на еден од обвинетите заболен од ковид-19. Претходно, исто така поради коронавирусот се одложија две рочишта.
Во овој судски процес обвинети се 13 лица, меѓу кои пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, неговиот татко, ексградоначалникот на Македонски Брод, Милосим Војнески, како и членовите на поранешната Комисија за лустрација. Случајот го води судијката Ленка Давиткова, а застапник на обвинението е обвинителката Фатиме Фетаи која обвинува за сторени кривични дела измама и злоупотреба на службената положба. Обвинетите, според Фетаи, спровеле незаконска продажба на објект во кој била сместена администрацијата и градоначалникот на општина Пласница.
Подоцна, како што се наведува во обвинението, Милошоски побарал од претседателот на Комисијата за лустрација, Томе Аџиев и лустрирање на судија од Кичевскиот суд.
Станува збор за судијата Драги Билески, сега покоен кој беше еден од главните сведоци на СЈО против Милошоски и Томе Аџиев, а за кого Комисијата за верификација на факти утврдила дека бил соработник на УДБА. По неговата смрт лани во приватниот процес против Милошоски го застапувал неговиот правен наследник, но Основниот суд во Скопје неодамна ја одби тужбата на лустрираниот судија Билески, во која го тужеше пратеникот Милошоски затоа што наводно го наклеветил кога на ТВ Телма во март 2017, во реплика на Оливер Спасовски изјавил: „Вие сакате од тој судија и удбаш да направите жртва”.
Претходно Основниот суд два пати утврдил дека Милошоски не направил навреда и клевета, па донел одлука со која ја одбил тужбата како неоснована.
Пратеникот Милошоски смета дека „Моќник“ е правно неоснован и политички мотивиран случај и токму поради тој ги повика „Коалицијата за правично судење”, Мисијата на ОБСЕ и Мисијата на ЕУ да го следат процесот за да самите се уверат, како што вели, дека се работи за арбитрарен случај.
Тој тврди дека во обвинението нема никакви докази за тврдењето дека поттикнал 10 лица, членови на Комисијата за лустрација и тоа од различни политички партии да го лустрираат судијата Билески, настрана што одлуката за лустрација е иницирана од трето лице кое било оштетено, а потврдена и од Управниот суд во 2013 година и од Вишиот Управен суд во 2014 година,
– Апсурдот во обвинението е во тоа што не само што не сум бил во позиција да влијаам, туку и сум немал личен мотив за лустрацијата на судијата Билески, имајќи предвид дека со ова лице сум немал никаква приватна, правна, деловна или било каква друга комуникација. Второ, обвинителот не навел со кои дејствија и на кој начин, во кое време и место сум поттикнал лустрација на конкретното лице, ниту пак постои изјава од членовите на Комисијата за лустрација дека сум им влијаел на било кој начин за одлуката што ја донеле – вели Милошоски за Плусинфо.
Тој го спори и делот од обвинението кое се однесува на продажба на општински имот, земјиште и зграда изградена во 1950 година во селото Ижиште, за кои пратеникот, според обвинителството, довел во заблуда дури 11 советници кои, пак едногласно донеле одлука за продажбата, но и за цената од 100 денари по квадрат. Советниците, како што може да се види на документот подолу на 31 март 2010 година ги утврдиле условите по кои се продавал општинскиот имот, сите кренале два прста, никаде не пријавиле дека има злоупотреба или дека некој ги прелажал, се додека поранешниот градоначалник на Пласница Исмаил Јаоски, не им се пожалил дека му ја продале општината. Совениците не знаеја да одговорат на нашите прашања, дали и колку пари плаќал, поранешниот градоначалник на Пласница за кирија и дали на тој начин била оштетена општината Македонски Брод.
Во продолжение одлуката на поранешните советници на Македонски Брод: