📽 МОЌНИ ГРУПИ ВО БРИСЕЛ САКААТ ДА ПРОДОЛЖИ ВОЈНАТА ВО УКРАИНА Орбан рече дека лидерите на ЕУ ги користат кризите за да добијат контрола
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, предупреди дека од Брисел се контролираат енергетските политики, трговијата со гас и со нафта, производството и индустријата за оружје, како и кредитирањето. Според него, војната се користи како алатка за централизација на моќта, а неколку влијателни групи имаат интерес таа да продолжи.
„Постои група, составена од лидерите на Унијата кои седат во Брисел, тоа се бриселските бирократи кои мислат дека секоја криза е за постигнување федерални, т.е. за промени што ги намалуваат овластувањата на земјите-членки и ја зајакнуваат и централизираат моќта на центарот“.
Ова го изјави премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, на видео што го објави на платформата Икс.
– Сепак, интересно е што без разлика каква криза имало во последните 15 години, финансиска криза, миграциска криза, потоа кризата со Ковид, а сега и војната, сè заврши со тоа што Брисел им ги одзема овластувањата на земјите-членки – додаде тој.
Според него, планот на Брисел е да се создадат Соединети Европски Држави што е само алатка, бидејќи, како што вели тој, „тие се обидуваат да ни одземат сè повеќе овластувања“.
– Сега управувањето со енергијата, потоа, фактот што сакаат да ни диригираат од каде можеме да купиме гас и нафта, од каде не можеме да ги купиме, потоа производството на оружје, индустријата за оружје, кредитирањето, сè што е поврзано со ова, сè доаѓа од центарот. Значи, постои група сили што ја користат војната за централизација. Неколку многу моќни групи се истовремено заинтересирани за продолжување на војната – заклучува Орбан.
Тој понатаму продолжува:
– Што следува од ова? Треба да најдеме сè повеќе групи кои се заинтересирани за завршување на војната. Мислам дека Американците се една од нив. Затоа треба да воспоставиме најтесна соработка со Американците.
Неколку часа претходно, тој се осврна на друга тема:
– Да речеме, ако сте во Германија и ако на Фејсбук или на работа зборувате против родот, дека сте за традиционалниот семеен модел, или велите дека сте против миграцијата, ќе ја изгубите работата, ќе ви дадат шанса да се предомислите, а ако не го сторите тоа, ќе ја изгубите работата. Сакам да кажам не на ова, а Унгарија е остров на слободата во споредба со она што се случува западно од нас во врска со овие табу прашања. Значи, ако за слободата треба да се плашиме некаде, тоа не е во Унгарија, туку во либералниот свет западно од нас – истакнува Орбан.
Тој посочи дека либералната идеологија веќе не е тоа што била некогаш.
– Либерализмот некогаш значеше слобода. Денес тоа значи ограничување и угнетување. Ние кои не сме, ние кои не сме либерали, сме на страната на слободата и се бунтуваме против тоа – заклучи Орбан.
Brussels exploits every crisis to strip competences from member states. War is now their primary tool for centralising power. We reject their empire-building, we reject their scheming for a United States of Europe. ❌ Only a Europe of sovereign nations can be truly strong and… pic.twitter.com/UC3JfXyD7R
— Orbán Viktor (@PM_ViktorOrban) August 7, 2025