МОЌНИ ЕКСПЛОЗИИ ОДЕКНАА ВО ЕРУСАЛИМ И ВО ТЕЛ АВИВ Иран испука ракети, сирени се огласиле во Израел

Израелската армија објави дека е во тек операција за пресретнување на ракетите. Подоцна соопшти дека заканата поминала и дека луѓето можат да ги напуштат засолништата.

298

Моќни експлозии одекнаа утрово, во Ерусалим и во Тел Авив, откако Иран испука ракети кон Израел, пренесуваат медиумите.

Претходно, сирени за воздушен напад се огласиле во неколку израелски области.






Израелската армија објави дека е во тек операција за пресретнување на ракетите. Подоцна соопшти дека заканата поминала и дека луѓето можат да ги напуштат засолништата.

Порано утрово, израелската армија објави дека извршила неколку големи напади преку ноќ врз воената инфраструктура во западен Иран.

Поврзани содржини