Дождот, повремените удари на силен ветер и високите бранови што се формираа во езерото, попладнево го поплавија кејот на Охрид.
Моќноста на брановите и на водата што прелеваше на кејот беше толкава што на неколку места предизвика растурање на поставените бекатон плочки на патеката од шеталиштето.
Невремето ги остави празни охридските ресторани и терасите од кафулињата.
фото: Република.мк