ЧЕСТИЧКАТА АМАТЕРАСУ ФРЛИ ЗРАК НА ЗЕМЈАТА Ништо не можело да го попречи ултра-брзиот блесок
Неверојатната енергија значи дека Аматерасу дошла во речиси права линија (како ласер) до Земјата, дека ништо не можело да ја одврати! Ниту магнетните полиња на големите галаксии. А ова, пак, е проблем, бидејќи научниците на местото од каде Аматерасу дошла не нашле ништо освен празнина. Зошто научниците се толку импресионирани? Па, меѓу другото, затоа што Аматерасу, но и претходно честичката „О-Мој-Боже“ патувале 100 милиони пати побрзо отколку што патуваат во онаа цевка под Женева наречена Големиот хадронски судирач.
Замислете се себеси во забавен парк, како удирате во една од оние машини за боксување. Помислете на енергијата на тој удар. Сега замислете да ѝ ја дадете таа енергија на една честичка, која патувала низ вселената буквално од некоја празнина и се удрила во атмосферата на нашата планета Земја и притоа ги опсипала нашите телескопи со рој честички, пишува ИФЛ Наука.
Честичката била наречена Аматерасу, по јапонската божица на Сонцето. Да, во Јапонија сонцето претставува жена, а не маж. Станува збор за ултра-високо-енергетски космички зрак (UHECRs), субатомска честичка со електричен полнеж која била забрзана до неверојатни енергии. А само една честичка е познато дека има повисока енергија од Аматерасу, односно откако почнавме да ги проучуваме овие настани. Тоа е честичката која во 1991 година научниите ја именува „О-Мој-Боже“.
– Кога првпат го открив овој ултра-високо-енергетски космички зрак, помислив дека мора да има грешка, бидејќи покажа ниво на енергија без преседан во последните три децении – изјавил коавторот професор Тошихиро Фуџи од Универзитетот Метрополитен во Осака.
Зошто научниците се толку импресионирани? Па, меѓу другото, затоа што Аматерасу, но и претходно честичката „О-Мој-Боже“ патувале 100 милиони пати побрзо отколку што патуваат во онаа цевка под Женева наречена Големиот хадронски судирач каде научниците судираат протони за да најдат нови честички, каков што беше, на пример, Хигзовиот бозон.
Неверојатната енергија значи дека приближно дошла во права линија до Земјата, дека ништо не можело да ја одврати! Ниту магнетните полиња на големите галаксии. А ова, пак, е проблем, бидејќи научниците на местото од каде Аматерасу дошла не нашле ништо освен празнина.
– Но, во случајот со честичката О-Мој-Боже и оваа нова честичка, ја следите нејзината траекторија до нејзиниот извор и нема ништо доволно висока енергија за да ја произведе. Тоа е мистеријата на ова – што, по ѓаволите, се случува? – вели коавторот на студијата Цон Метјус, ко-портпарол на Телескопската низа на Универзитетот во Јута.
Аматерасу доаѓа од она што научниците го нарекуваат „Локалната празнина“. Тоа е регион на вселената што може да се протега на околу 200 милиони светлосни години и чиј центар е најмалку 75 милиони светлосни години оддалечен од Земјата. Како што сугерира името, тоа е главно празен регион, со многу помалку галаксии од остатокот од неговото соседство.
Но, нешто сигурно морало да ги создаде честичките О-Мој-Боже и Аматерасу. А интересно е и тоа што тие биле откриени со помош на различни техники на набљудување.
– Овие настани изгледаат како да доаѓаат од сосема различни места на небото. Не е дека постои еден мистериозен извор – додаде Џон Белц, професор на Универзитетот во Јута и коавтор на студијата.
А потоа рече:
– Тоа може да се дефекти во структурата на време-просторот, судир на космички жици. Мислам, јас само нафрлам луди идеи што луѓето ги смислуваат затоа што нема друго прифатливо објаснување.