Американскиот актер и режисер Џорџ Клуни и другите холивудски ѕвезди започнаа едукативна програма во Лос Анџелес, со цел помош на средношколците кои се во неповолна положба за професија во филмската индустрија.
Програмата ја спонзорираат Клуни, Ева Лонгорија, Кери Вашингтон и Дон Чидл, а таа ќе започне есента 2022 година.
Првично ќе бидат опфатени ученици на возраст од 14 до 16 години кои посетуваат средно училиште во Лос Анџелес. Според Клуни, програмата подоцна ќе биде проширена и на други јавни училишта во истиот град.
Според неговите зборови, средношколците, меѓу другото, ќе научат и за техниките на камерата, монтажата и на визуелните ефекти.
„Нашата цел е подобро да ја рефлектираме различноста на нашата држава“, рече Клуни во понеделникот.
Холивуд се обидува да донесе повеќе припадници на малцинствата во своите редови од скандалот #OscarSoWhite во 2016 година. Таа иницијатива доби дополнителен интензитет минатата година откако движењето „Црните животи се важни“ предизвика поширока дебата за расизмот во институциите на САД.