МОЌЕН СПОНЗОР ЗА КК МАЏАРИ Видеолотарија Касинос Австрија го носи клубот кон Првата лига

Видеолотарија Касинос Австрија е компанија која активно инвестира во спортот, културата, образованието и медицината. Во изминатите 10 години за овие области се издвоени над 205 милиони денари преку различни спонзорства и донации.

242

Кошаркарскиот клуб Маџари доби значајна поддршка од Видеолотарија на Македонија – Касинос Австрија, која стана официјален спонзор на тимот.

Со ова партнерство, компанијата ја потврдува својата посветеност кон развојот на македонскиот спорт и вложувањето во младите кошаркарски таленти.






Од клубот изразија благодарност за новата поддршка, нагласувајќи дека средствата ќе им помогнат да ги остварат своите амбиции за пласман во Првата лига.

„Огромна благодарност до Видеолотарија Касинос Австрија за довербата и поддршката. Вашата помош ќе ни овозможи да ги реализираме нашите цели и амбиции – влез во Првата лига. Заедно градиме силен тим и светла иднина за македонската кошарка“, порачаа од КК Маџари.

Видеолотарија Касинос Австрија е компанија која активно инвестира во спортот, културата, образованието и медицината. Во изминатите 10 години за овие области се издвоени над 205 милиони денари преку различни спонзорства и донации.

Поврзани содржини