МОЈАТА ЖЕНА САМО ШТО СЕ ПОРОДИ, А СЕГА Е ВО КОВЧЕГ Мажот на невакцинирана мајка е очаен, имаа четири деца
Нејзиниот сопруг Џош ги повика луѓето да се вакцинираат преку Фејсбук и Твитер за да ги избегнат фаталните последици од вирусот.
Има сѐ повеќе примери на смртни случаи предизвикани од коронавирусот, кај помладата популација.
Триесет и петгодишната Саманта Вилс, мајка на четири деца која не примила вакцина против коронавирусот, почина од последиците од инфекцијата веднаш по породувањето во болница во Северна Ирска, по 16 дена борба за живот.
Нејзиниот сопруг Џош ги повика луѓето да се вакцинираат преку Фејсбук и Твитер за да ги избегнат фаталните последици од вирусот.
– Додека го пишувам ова, лежам покрај неа, таа има 35 години, невакцинирана е и во ковчег – напиша тој на својот профил на Твитер, а покрај големиот број сочувство и коментари за поддршка, корисниците на оваа социјалната мрежа го споделија неговиот пост, повикувајќи ги луѓето да се вакцинираат во што поголем број.
Тој додаде дека поминал неколку часа на интензивна нега додека лекарите се бореле за животот на неговата сопруга, молејќи ги луѓето да се вакцинираат за да ја избегнат семејната трагедија што го снајде него и неговото новородено дете.