МОЈАТА ВОЗРАСТ ЗНАЧИ МУДРОСТ Силјановска Давкова одговори на навредите од митингoт на Пендаровски

Говорот на омраза не доликува на ниту една сериозна партија, ама не доликува воопшто на социјалдемократска партија. Тоа е говор на некоја крајна десница што се служи со патријархалност и парохијалност, па така гледа на жените и на возрасните, рече Силјановска Давкова коментирајќи ги навредите од поддржувач на Пендаровски.

459

„За мене, возраста како и во антиката, значи мудрост, значи знаење, искуство, а мислам дека многу успешни претседатели имале бела коса и биле успешни. Не плашете се за мене, јас сум добро и физички и психички. Орна сум за дебата ама нема кандидати за дебата. Само најавуваат, најавуваат и никако да се појават таму каде што ни е местото, пред одговорни новинари“.

Вака порача Гордана Силјановска Давкова, кандидатката поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, на вечерашниот митинг на партијата во Прилеп коментирајќи ги навредите од митингот на Стево Пендаровски во Куманово, на кој поддржувач на СДСМ рече дека „избираме претседателка, а невеста сами си бирате“.






– Говорот на омраза не доликува на ниту една сериозна партија, ама не доликува воопшто на социјалдемократска партија. Тоа е говор на некоја крајна десница што се служи со патријархалност и парохијалност, па така гледа на жените и на возрасните – рече Силјановска Давкова.

Меѓу другото таа од Прилеп вети дека ќе се залага македонската армија АРМ секогаш да ги исполнува НАТО стандардите и да вклучува повеќе жени.

– Меѓутоа ако и таму има политизација и партизација, ако нема доволни жени на клучни позиции, тогаш мислам дека прашалникот е голем. Зошто жени? Бидејќи и јас како и сите жени, сум горда и знам дека во сите области можеме да внесеме нешто ново. А важно е бидејќи главните жртви во сите војни се жените и децата. Кога има жени во Армијата и на клучни фукции, на клучните позиции во државата, тогаш има поголеми гаранции за мир! – подвлекува Силјановска Давкова.

„ИЗБИРАМЕ ПРЕТСЕДАТЕЛКА, А ‘НЕВЕСТА’ САМИ СИ БИРАТЕ“ Активист на СДСМ ја навреди Силјановска Давкова, Пендаровски и Кузеска не го осудија говорот на омраза

 

 

Поврзани содржини