МОЈАТА И ИМОТНАТА СОСТОЈБА НА СЕМЕЈСТВОТО НЕМА ДА СЕ МЕНУВА ВО ВРЕМЕ НА МАНДАТОТ Арсовска ќе депонира изјава во Антикорупциска

Ги повикувам сите други кандидати да се обврзат дека ќе го сторат истото. Само со вакви заложби ќе се избориме против корупцијата, порача Арсовска. 

236

Како дел од мојата борба против корупцијата, првиот ден кога ќе бидам на функција ќе депонирам изјава во Антикорупциска комисија, најави на прес конференцијата посветена на тема корупција, независната кандидатка за градоначалник на Град Скопје, Данела Арсовска.

– Во изјавата до Антикорупциска комисија ќе стои дека мојата имотна состојба и на моето поблиско семејство  нема да се менува во сите четири години од мандатот. Ги повикувам сите други кандидати да се обврзат дека ќе го сторат истото. Само со вакви заложби ќе се избориме против корупцијата – порача Арсовска.

 

Поврзани содржини