„МОЈАТА ДРУГАРКА ЌЕ ГО ОРГАНИЗИРА МОЈОТ ПОГРЕБ“ Ведрана Рудан објави дека има тешка болест

„Илјада пати го замислував моментот, писателите имаат жива фантазија, како ќе изгледа кога докторот ќе ти пријде, без насмевка во очите и ќе каже…“, напиша Ведрана Рудан, пренесуваат мдиуми.

3,548

Хрватската писателка и новинарка на својот блог објави дека има рак.

„Илјада пати го замислував моментот, писателите имаат жива фантазија, како ќе изгледа кога докторот ќе ти пријде, без насмевка во очите и ќе каже…“, напиша Ведрана Рудан, пренесуваат мдиуми.

„Имам седумдесет и пет години, многу мои врсници немаат рак, тие се здрави, во полна форма, а јас и јас… Не верувам дека треба добро да се размисли и дека се ќе биде во ред , не се замарам со тоа“, напиша таа и додаде колку е среќна што е опкружена со добри луѓе:

„Преку ноќ дознав колку пријатели имаме јас и мојот сопруг, вистински пријатели, феноменални луѓе. Мојата другарка од детството ми вети дека ќе го организира мојот погреб, мојата пепел, иако е со закон забрането фрлање во море на нашата омилена плажа во Мошќеничка Драга“, напиша Ведрана.

Поврзани содржини