Мнучин: Економијата ќе закрепне во текот на летото

Традиционалните економски модели можеби ќе функционираат. Можеби нема - рече тој додавајќи дека смета оти ако економијата се „отвори“ во мај и јуни, таа ќе „отскокне“ во јули, август, септември.

352

Американскиот министер за финансии Стив Мнучин денеска изјави дека верува оти економијата ќе почне да закрепнува во текот на летото поради економската активност на која се надева во текот на мај и јуни кога некои држави повторно ќе се отвораат.

– Ова е ситуација без преседан. Ова не е финансиска криза, ова е – се угасивме – рече Мнучин.






– Традиционалните економски модели можеби ќе функционираат. Можеби нема – рече тој додавајќи дека смета оти ако економијата се „отвори“ во мај и јуни, таа ќе „отскокне“ во јули, август, септември.

Мнучин рече дека очекува оти во тие три месеци стапката на раст да биде се поголема.

Поврзани содржини