МНТ ја поправа терасата за да го заштити фоајето од поплави
Санацијата ќе чини 1, милиони денари ги обезбеди Министерството за култура.
Македонскиот народен театар започна со санација на проодната тераса која се наоѓа на северно-источниот дел од првиот кат на објектот – Кон музејот на Холокаустот.
Се работи за зафат со кој ќе се надминат проблемите наследени од самото отворање на театарот, како и натамошното руинирање на објектот. Во изминатите години при обилни дождови беа предизвикувани материјални штети од протекување од терасата во главното фоаје.
Средствата, во износ од 1, 2 милиони денари се во рамките на Годишната програма за 2021 година на Министерството за култура на РСМ.