МНР: Нема настрадани македонски државјани во поплавите во Европа
МНР објави телефонски броеви во случај на евентуално барање помош, на кои нашите државјани можат да се јавуваат.
Министерството за надворешни работи со загриженост ги следи состојбите со поплавите во Западна Европа. Според информациите на нашите дипломатско – конзуларни претстваништва во погодените региони нема жртви државјани на Македонија, соопшти МНР.
– Нашите државни конзуларни претставништва стојат на висина на задачата, отворени и во служба на државјаните на Северна Македонија кои живеат во погодените региони. Исто така, МНР е во постојана комуникација со домашните власти во земјите кои доживеа природна катастрофа. Според информациите на нашите ДКП-а во погодените региони нема жртви државјани на РСМ -, се наведува во соопштението.