МНР не постапува „срамно“ со Фрчкоски. Напротив!
Не треба да има дилеми дека кој било, дури и Фрчкоски, ако денес позајми пари од државата, и утредента ги врати – направил кривично дело! А, во неписменото писание на Мисијата, воопшто не се спомнува кога тој си се снашол со државните пари – пред месец, два … пет …? Криминалот си е криминал ама, сепак, не е исто ако парите ги вратил утредента, или по месец дена.
Фрчкоски, си позајмил пари од Мисијата (Амбасада) при ООН, во Њујорк, каде што е шеф, што е формално кражба. Тоа го признава, иако не се фали, а би можел. Ги вратил парите, де, иако не кажува после колку време, и колку зел. Објавува и јавно соопштение на Мисијата, во кое тврди дека била – „Срамна и мизерна забелешката на службите на МНР дека амбасадорот ја злоупотребил службената картичка за авионски карти кон Македонија … Амбасадорот имаше итна медицинска интервенција во Македонија и беше на погребот на својот брат – ненадејни настани што го принудија (?!?) привремено да искористи пари од Мисијата … коишто деновиве ги надомести од свои приватни средства“!?!
Да читаш, и да не веруваш. Го пишувал сигурно самиот Фрчкоски ама да напишеш вакви глупости, треба – многу, многу талент! Или – безобразлук! Најинтересно е што парите – „ги надомести од свои приватни средства“! Од чии требало?
Причините коишто ги наведува зошто „позајмил“ државни пари се бесмислени, бизарни и, да не беа глупави и жалосни, ќе беа – смешни. Да одеше на свадба, пак, сигурно ќе купеше и подарок со државни пари!
Не треба да има дилеми дека кој било, дури и Фрчкоски, ако денес позајми пари од државата, и утредента ги врати – направил кривично дело! А, во неписменото писание на Мисијата, воопшто не се спомнува кога тој си се снашол со државните пари – пред месец, два … пет …? Криминалот си е криминал ама, сепак, не е исто ако парите ги вратил утредента, или по месец дена.
Впрочем, „срамна и мизерна“ била само неговата позајмица, а уште повеќе такво е и официјалното соопштение на Мисија, со коешто сака да покаже дека зајмувањето на државни пари е нешто – нормално! Зарем е можно, на вработените во Мисијата во Њујорк, да не им е јасно дека тие од МНР, коишто креваат врева околу вакви криминални злоупотреби, не се никакви „измеќари“, туку одговорно си ја вршат својата работа?
За Фрчкоски, меѓутоа, тоа очигледно не е „нормално“ бидејќи, според разни информации, иако непроверени, тој ретко – одел на работа во Мисијата.
Во соопштението, Фрчкоски не објаснува ама, според неговата логика – и МНР, и државата, и сите ние, ВЕРОЈАТНО, треба да се гордееме затоа што тој позајмувал наши пари? Нè удостоил човекот!
И, што ако, во какви било случаи, и други си позајмуваат државни пари?
По логиката на Фрчкоски, нека ми прости за примерот, ама, замислете, гувернерката на Народна банка на Македонија, не дај Боже, да добие силно воспаление и да мора итно да става златен заб? Болките се големи и нема време да се бара – злато! Арно ама – тука се државните резерви и – ете решение! Еден ден, ако мора, и таа ќе го врати! Се разбира – од „сопствени средства“.
Факт е дека, заради начинот на кој Фрчкоски беше одреден за шеф на нашата Мисија во ООН, откако САД не му дадоа агреман за Вашингтон, сигурно врз основа на аргументи, опозициската ВМРО ДПМНЕ одма реагираше дека штом дојдат на власт, веднаш ќе го вратат.
Од таа гледна точка, сегашната постапка може да личи на некаков реваншизам, ама гледаме дека воопшто не е така.
Голема грешка на државата беше што, откако САД јасно ни ставија до знаење дека за нив Фрчкоски е persona non grata, и не му дадоа агреман за амбасадор, нашите тогашни мудреци го испратија во ООН, за каде не треба согласност на Вашингтон. Во Њујорк, на американска територија, испративме лице за коешто САД секако имаа(т) конкретни и прецизни докази за негови криминални злоупотреби и манипулации (Мерко е веројатно сите случај?!). За неговата партија, меѓутоа, личниот интерес на Фрчкоски беше поважен од угледот на Македонија!?
Да потсетиме дека и процедурата на неговото пристапување на функцијата, не беше целосна.
За поука, еве и друг премер. Во 1990-тите, кога работев во Лондон, плачејќи, во Амбасадата дојде наша студентка од Битола, којашто чуваше деца во некое семејство. Одвај ни објасни дека и ја украле чантата, во која била и авиокартата и сега не може да се врати дома. Таа нема адреса и нејзините немаат каде да и пратат пари.
Му дадов на секретарот ЛИЧЕН чек и го замолив од блиската банка да подигне МОИ – чинам околу 600 евра. Тогаш, авиокартите беа многу поскапи и не беа електронски. И во ваков случај, што може да се смета и како конзуларна заштита, нема никакво право, ниту каква било основа, да позајмуваш државни пари. Не да се „честиш“ себе си, како Фрчкоски!
Откако, веќе насмеана, си отиде студентката, секретарот ми „префрли“ – требеше да потпише дека ги примила парите! Што мислиш, му одговорив, ако не ги врати, ќе одам на суд?