Обвинувањата дека Русија се мешала во неодамнешните парламентарни избори во Северна Македонија се апсурдни, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
– Тешко беше да не се забележат на широко распространетите видео пораки на високи западни политичари, вклучително и на шефови на влади и на министри, за време на предизборната кампања во Северна Македонија. Тие отворено и упорно ги повикуваа гласачите во Северна Македонија да гласаат за една или за друга партија. Наспроти позадината на ова странско мешање во работите на една суверена држава, апсолутно се неосновани и изгледаат сосема апсурдни шпекулациите за присуство на одредено руско влијание – изјави Захарова.
Портпаролката на руското Министерството за надворешни работи ги обвини западните земји за двојни стандарди, бидејќи тврдат дека Русија се меша, а нивните лидери отворено се обиделе да влијаат на изборите во земјава.
Според неа, се изнесуваат нејасни сомнежи и обвинувањата на сметка на Русија, а во исто време „директниот западен притисок врз граѓаните на Северна Македонија се претставува како нешто легитимно“