Со новиот пристап на преговори, министерствата за надворешни работи на Северна Македонија и на Бугарија и петте работни групи ќе ги водат преговорите, истакна Владо Бучковски за ТВ21.
Владата на денешната седница го разреши поранешниот премиер Бучковски од должноста специјален претставник во преговорите помеѓу Македонија и Бугарија.
Кон крајот на 2020 година Владата го именуваше Бучковски за специјален претставник во преговорите со Бугарија во време кога се отвори спор меѓу двете земји, а во декември лани му го продолжи мандатот како олеснувач на дијалогот меѓу двете земји.