МНР: Денеска се враќаат наши граѓани од Малта и Хрватска
Повикувајќи се на приниципите на солидарност и во духот на добрата регионална соработка, на овие летови ќе бидат превезени и 9 странски државјани, 4 од Хрватска, 4 од Црна Гора и 1 од Косово.
Министерството за надворешни работи соопшти дека е организирано враќање на 118 македонски граѓани од Ла Валета, Малта, додека во попладневните часови ќе бидат превземени и нашите државјани од Загреб.
– Репатријацијата беше организирана со летови на авиопревозникот „Wizzair,“ којшто за овие две дестинации на јавниот повик од Владата на Република Северна Македонија понуди најниска цена за авио билетите. Граѓаните се обврзани сами да ги покријат трошоците за авио превозот, додека задолжителниот 15 дневен карантин којшто беше еден од условите за нивна репатријација, е на товар на државата – стои во соопштението од МНР.
Повикувајќи се на приниципите на солидарност и во духот на добрата регионална соработка, на овие летови ќе бидат превезени и 9 странски државјани, 4 од Хрватска, 4 од Црна Гора и 1 од Косово.
Министерството за надворешни работи упати благодарност кон надлежните власти во Албанија, Хрватска, Италија, Косово/НАТО, Србија, Босна и Малта за соработката при издавање на дозволи за прелет и целокупната поддршка во овие отежнати околности.
Од МНР велат дека продолжуваат со напорите за помош при враќање во земјава на затекнатите македонски граѓани без регулиран престој во странство.