Многумина кои починале од ковид-19 го имале вирусот во нивните срца

За време на студијата, истражувачите разгледале како инфекцијата со коронавирусот може да го оштети срцето и како можат да помогнат во одредени третмани.

4,338

Три четвртини од луѓето кои починале од ковид-19 во срцето го имале вирусот „САРС-КоВ-2“, покажува најновото истражување. Поголема е веројатноста тие да имале неправилен срцев ритам пред смртта отколку пациентите кои го немале вирус ковид-19 во своето срце.

За време на студијата, истражувачите разгледале како инфекцијата со коронавирусот може да го оштети срцето и како можат да помогнат во одредени третмани.






– Резултатите покажуваат навистина јасна слика за поврзаноста помеѓу вирусот и срцевите проблеми – рече кардиоваскуларниот патолог Џозеф Малешевски од клиниката Мајо.

Oткриен вирусот во срцата на повеќето пациенти кои починале од ковид-19

Научниците веќе знаат дека инфекцијата со ковид-19 може да предизвика оштетување на срцето, но не беше јасно дали овие проблеми се предизвикани од вирусот „САРС-КоВ-2“ кој директно го напаѓа срцето или штетата е резултат на хиперактивен имунолошки одговор, пишува „Science“.

Џејмс Стоун, кардиоваскуларен патолог од болницата во Масачусетс и неговите колеги го користеа методот „in situ“ на хибридизација и „NanoString“ профилирање за да идентификуваат вирусна РНК дури и откако ќе се распадне на помали делови. Тие исто така анализирале околу 1.000 примероци на срцево ткиво; повеќе од 20 примероци од секој од 41 пациент кој починал од ковид-19.

Било откриено дека „САРС-КoВ-2“ е присутено во 30 срца. Дополнително, само овие пациенти имале брз и неправилен срцев ритам пред смртта. Оние кои го немале вирус во срцето, немале такви симптоми.

Сè уште не е откриено дали вирусот директно го нападнал срцето во овие случаи. Имено, повеќето од заразените срцеви клетки биле имуни клетки што „САРС-КоВ-2“ може да ги нападне на друго место во телото пред да пристигне до срцето. Значи, сè уште не е познато што точно предизвикало оштетување на срцето – вирусот ковид-19 или имуните клетки.

Предноста на дексаметазонот

И покрај ограничените резултати, истражувањето објасни зошто стероидот дексаметазон толку многу им помага на некои пациенти со коронавирус. Овој медикамент е една од првите пронајдени за да се спречи смртноста од ковид-19.

– Дексаметазонот, всушност, го намалува воспалението, така што може да го намали нивото на имунолошки клетки со вирусот „САРС-КоВ-2“ во срцето – вели Стоун.

Само 50% од пациентите кои го земале дексаметазонот имале вирус во срцето, во споредба со 90% од пациентите кои не го земале лекот.

Поврзани содржини