МНОГУ ВОДИ ПРОТЕКОА ОД ТАА ВЕЧЕР Џафери побара да ја чуваме заедничката држава

Собранискиот спикер смета дека одбележуваме исклучително значаен јубилеј, полни триесет години од историската вечер кога со прогласувањето на резултатите од референдумот на 8 септември 1991 година.

330

На патот на нашето растење и созревање, воедно и опстојување како држава, се соочувавме со многу предизвици кои не научија дека еднаш добиена држава, не значи и засекогаш гарантирана држава, напротив, значи дека секој нов ден е благослов, и дека секој нов ден е можност и шанса да научиме повеќе за тоа како да живееме заедно, да мислиме исто, да ја чуваме татковината и да делуваме сите заедно и сплотени во иста насока, токму така како што и се очекува од одговорни граѓани, храбри политичари – визионери, кои знаат во секој миг што е најдоброто за иднината и опстојувањето на земјата, истакна претседателот на Собранието Талат Џафери во видеобраќањето по повод Денот на независноста.

– Имаме една заедничка држава и сите сме одговорни да ја чуваме и развиваме, за нас и за идните поколенија, истакна претседателот на Собранието. Да градиме општество во кое сите ние, сега и во иднина ќе се чувствуваме рамноправни, почитувани, еднакви пред законот и правдата, едноставно, ќе се чувствуваме свои на своето, затоа што сите заслужуваат да живеат, растат, се образуваат и творат во држава во која почитувањето на човековите права и слободи е природно и универзално право без преседан. Заедно ќе се радуваме и ќе плачеме за сите победи и порази, за сите блескави и не толку блескави моменти, затоа што тоа е да бидеш едно, тоа е да бидеш заедно – рече Џафери.






Вечерва, посочи тој, одбележуваме исклучително значаен јубилеј, полни триесет години од историската вечер кога со прогласувањето на резултатите од референдумот на 8 септември 1991 година.

Џафери рече дека многу води протекле од таа историска вечер, дека понекогаш јасно ја гледавме иднината на земјата, понекогаш, беше тешко да се најде светлото на крајот на тунелот, да се плови по поројната река и во темнината да се најде безбедно засолниште, цврст темел и мирни води, без бранови, за мирен сон на нашите деца.

Навраќајќи се на минатите години Џафери рече дека 2001 година беше тежок предизвик, но оти се надмина со потпишување на Охридскиот рамковен договор кој оваа година бележи полни 20 години и кој беше основа за трансформација во функционално мултиетничко, мултикултурно и мултиконфесионално општество, држава на рамноправни граѓани во која се почитуваат индивидуалните и колективните човекови права, дом еднаков за сите граѓани, без разлика на етничката, верската, родова и каква било друга припадност, позитивен пример за регионот и светот.

 

Поврзани содржини