МНОГУ ВНИМАТЕЛНО ЈА СЛЕДИМЕ СОСТОЈБАТА ВО УКРАИНА Ковачевски ја осуди руската воена агресија
„Владата ја следи многу внимателно состојбата во Украина. Безбедносната состојба во нашата земја е стабилна и во овој момент не постои дирекна закана за безбеденоста на Северна Македонија“, објави на Фејсбук македонскиот премиер Димитар Ковачевски.
Го осудувам чинот на отворена воена агресија од страна на Русија врз Украина. Војната е најлошиот начин за решавање на недоразбирањата, а агресијата врз Украина е закана и за европскиот и светскиот мир, напиша премиерот Димитар Ковачевски на неговиот Фејбук профил.
„Владата ја следи многу внимателно состојбата во Украина. Безбедносната состојба во нашата земја е стабилна и во овој момент не постои дирекна закана за безбеденоста на Северна Македонија“, објави Ковачевски.
Покрај безбедносната состојбата, напиша премиерот Ковачевски, Владата одблиску ги следи и промените во светските економски текови кои се дестабилизирани од новонастанатата состојба.
„Владата како и досега ќе делува максимално одговорно и во најдобар интерес на заштита на домашната економија и финансиската состојба на граѓаните“, истакна Ковачевски во објавата.