МНОГУ ЉУБОВ, АМА НЕ И ПОПУШТАЊЕ За да може детето да порасне во добра личност потребна е и јасна дисциплина
Тоа што му попуштате на вашето дете кога не треба не е љубов, туку ваша неспособност да се справите со вината. На долг рок, му правите лоша услуга на детето, бидејќи светот нема да се однесува со него онака како што го третирате вие.
Бидејќи постојано зборуваме за љубовта што децата мора да ја добиваат во нивните семејства за да бидат здрави личности, на ред е да зборуваме и за тоа што е родителска одговорност.
Прво, родителска одговорност е менталното здравје на самите родители. Ако родителот не е емоционално писмен, и не знае како се чувствува, кога и зошто, нема да може да го научи детето на тоа.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.