МНОГУ ТОПЛО, НАМЕСТА И НАД 40 СТЕПЕНИ Поројните дождови ќе почекаат до викендот

Од четврток во попладневните и вечерните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, особено во деновите од викендот кога ќе има услови за изолирано невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и град.

746

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Во Скопје се очекува сончево и многу топло време со слаб ветер од југоисточен правец.

До крајот на оваа седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност.






Особено топло ќе биде денеска и во среда, кога дневната температура наместа ќе надминува 40°C и ќе биде активирано портокалово ниво за опасност од високи температури.

Од четврток во попладневните и вечерните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, особено во деновите од викендот кога ќе има услови за изолирано невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и град.

Поврзани содржини