МНОГУ СУМ СРЕЌНА, ВЕ САКАМ СИТЕ По 11 дена спасена крава од урнатините во Турција, сопственичката воодушевенa (ВИДЕО)

Сопственичката Бирѓул Тунџај секој ден со лазење се провирала низ урнатините за да ѝ донесе храна и вода на својата крава, а сега конечно било можно да се организира спасувачка мисија.

420

Единаесет дена по разорниот земјотрес што ги погоди Турција и Сирија, при што загинаа повеќе од 45.000 луѓе, добри вести сè уште доаѓаат. Во Дардаган, Турција, во четвртокот на 16 февруари доцна вечерта, од уништената штала беше спасена крава по име Бирџан.

Сопственичката Бирѓул Тунџај секој ден со лазење се провирала низ урнатините за да ѝ донесе храна и вода на својата крава, а сега конечно било можно да се организира спасувачка мисија.

 






Моментот на средбата на сопственичката и нејзината крава Бирџан беше крајно трогателен.

 

– Благословени сте, ве бакнувам сите. Повторно ја имам мојата крава. Многу сум среќна денес – изјави таа за Ројтерс.

Повеќе од 45.000 луѓе загинаа во земјотресот на 6 февруари што ги погоди Турција и Сирија, а се очекува билансот да се зголеми бидејќи многумина и понатаму се водат како исчезнати.

Поврзани содржини