МНОГУ СТУДЕНО И ВЕТРОВИТО Температурата ќе достигне до 3 степени
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен северен ветер.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, многу студено и ветровито. Во планинските подрачја повремено ќе провејува снег. Ќе дува засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -4, а максималната од -5 до 3 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен северен ветер.
Минималната температура ќе се спушти до -7, а максималната ќе достигне до 0 степени.