„Многу ми е непријатно“: Сања Вучиќ проговори за победникот на Евровизија Дамиано и откри пикантерии од бекстејџот ФОТО

849

Сè попопуларните девојки од групата „Хурикејн“ (Hurricane) кои ја претставуваа Србија на овогодинешната Евровизија, сè уште се главна тема на разговор.

Српската јавност е многу разочарана што не се пласираа подобро затоа што сметаат дека заслужија многу подобро од 15-тото место на кое се најдоа атрактивните Ксенија Кнежевиќ, Ивана Николиќ и Сања Вучиќ.






И покрај одличниот настап, девојките исто така не кријат дека очекувале подобар пласман. Гостувајќи во емисијата „Амиџи шоу“ отворено зборувале на оваа тема.

„Сакаш искрено? Мислевме дека ќе бидеме барем во топ 5. Сепак, кога го видовме гласањето, сфативме дека ќе бидеме последни. Значи, 15-то место е супер – рекла Ивана.

На тоа се надоврзала Сања, која признала дека девојките во еден момент размислувале и за победа.

– Во еден момент, седнавме и рековме: „Девојки, па ние навистина можеме да победиме – рекла таа.

За разлика од Ивана и Сања, Ксенија имаше само цел да бидат во големото финале.

– Јас искрено, само сакав да дојдемо до финалето бидејќи ќе беше срамота ако не поминевме – рекла Ксенија, која во моментот на прогласувањето на победникот викала од среќа и сакала веднаш да му честита, но Сања ѝ рекла: „Немој сега“.

Hurricane - Serbia - Rotterdam 2021 - Eurovision Song Contest

Она што сите со симпатии го проследија беше изјавата на Сања по пристигнувањето во Ротердам дека италијанскиот претставник, кој и победи на Евровизијата, Дамиано Давид ѝ е убав, па дури и дека би се омажила за него.

– Јас на забавен начин изјавив дека тој ми се допаѓа. Ми се допадна песната. Дознав дека има и девојка, многу ми е непријатно – била искрена Сања.

Девојките наскоро ќе тргнат на светска турнеја, а одлуките што ќе ги донесат ќе бидат пресвртница за нивната иднина и потенцијално странска кариера. Она што е сигурно е фактот дека трите убавици се подготвени да го покорат светот.

Hurricane (Serbian band) - Wikipedia

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини